-->

Нова визија за супер автомобилот на BMW

Не, ова не е официјална слика од автомобилот, туку е интересна визија за баварскиот спортски модел, која доаѓа од перото, односно компјутерот на Ноа Идриес.

Audi го има R8, Mercedes McLaren SLR и наскоро SLS, а Lexus допрва ќе го претстави LF-A. На BMW во моментов му недостига баш тој таканаречен „halo-car“ (маркетинг термин кој се користи во автомобилската индустрија за возила дизајнирани за да го промовираат брендот, за да создадат „halo“ ефект за возилото и позитивна асоцијација за брендот). Секако, BMW ги има моделите M3, M5/M6, но искрено, тоа не е тоа.

Едно време се зборуваше за враќање на Серијата 8, па потоа за „зелен“ супер автомобил, но ништо од тоа се уште се нема реализирано, ниту пак официјално е потврдено.

Токму тоа го натера дизајнерот Ноа Идриес да му покаже на BMW како треба да изгледа тој модел. Идриес се водел од рецептот „агресивно, динамично и агилно“. Исто така, видливо е дека делумно се потпира на студијата „M1 Hommage“ и класичните карактеристики на дизајнот на BMW. Поради драматичниот дизајн и одличните идеи, одлучивме да ви ги претставиме рендерите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com