Викторија Бекам ги извади силиконите
Сопругата на Дејвид Бекам, Викторија реши да ги извади силиконите по кои беше препознатлива изминативе години. Пош Спајс во Лос Анџелес ја потврди операцијата со која ги намали градите во прифатлива величина.
- Викторија веќе некое време сакаше да ги извади силиконите. Таа сметаше дека тие се дел од нејзиниот стар имиџ – чудна фризура на коса, вештачки потемнет тен и големи гради. Со текот на времето пејачката се промени и сега сака да биде нормална жена, изјавува извор близок до Бекамови.>На Викторија ова и беше трета операција на градите. Првата ја направи во 1999 година, а две години подоцна ги зголеми уште малку. Сега кога таа својот моден стил го црпи од Одри Херберн, нема место за големи силиконски гради.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)