-->

Кафето негативно влијае на помнењето

Утринскиот филџан кафе може да ве разбуди и да ви помогне во започнувањето на дневните обврски, но британските научници од даблинскиот универзитетот Trinity тврдат дека два филџана кафе можат да ве однесат во потполно друга насока.

Резултатите од студијата, спроведена врз 32 студента покажаа дека два филџана јако црно кафе можат негативно да влијаат врз помнењето и тоа на краткотрајната меморија. Шеснаесет испитаници пиеле по два филџана јако црно кафе (околу 200 милиграма кофеин), додека другата група пиела иста количина, но без кофеинско кафе.

Студентите после кафето направиле општообразовен тест, кој се состоел од 100 лесни прашања, чиј одговор бил само еден збор, на пример Како се вика старото египетско писмо? (одговорот е хиероглифи).

Пред одговарањето на секое прашање на студентите за момент им биле понудени десет потенцијални одговори (од кои само еден е точен), со тоа што еден збор бил сличен со вистинскиот одговор како на пример хиероглифи и хиерархија.

Студентите кои земале кафе со кофеин, побавно одговарале на прашањата и почесто грешеле при одговарањето, за разлика од студентите кои пиеле без кофеинско кафе.

Сепак, одредени научници ја оспоруваат валидноста на студијата бидејќи не е спроведена на доволно голем примерок, поради што со сигурност не може да се тврди дека кофеинот навистина влијае врз помнењето во толкава мера.

 

Copyright © 2009 selotejp.com