Гадафи го поздрави италијанскиот премиер Силвио Берлускони за „историската одлука“ да се извини за сите непријателства за време на 30-годишното колонијално владеење на Либија од 1911 до 1941 година. Минатата година Италија се согласи да и исплати на северноафриканската држава отштети во износ од пет милијарди долари под форма на инвестиции во инфраструктурата.
Берлускони изјави на прес-конференција, дека со либискиот лидер го поврзува „вистинско и длабоко пријателство“ и го оцени како мудар човек.
- Италија е единствената поранешна колонијална држава која веќе не можеме да ја обвинуваме. Таа расчисти со своето империјалистичкото минато“, изјави Гадафи.
Берлускони, од своја страна изјави дека една долга и болна страница од односите со Либија е затворена. Тој истакна дека двајцата лидери се согласиле Либија да доставува поголемо количество нафта на Италија, а италијанските фирми да бидат во привилегирана положба во инфраструктурните проекти во Либија.