-->

Воениот режим го покани Бан Ки Мун во посета на Мјанмар

Владеачката воена хунта во Мјанмар го покани генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун да ја посети земјата на почетокот на јули, соопштија западни дипломати.

Според дипломатите кои побараа анонимност, генералниот секретар стравува дека неговата посета хунтата може да ја искористи за пропагандни цели.

-Тој не сака неговата посета да се прими како давање на некаков легитимитет на процесот против Аун Сан Су Чи - лидерката на демократската опозиција во Мјанмар, која вкупно 13 од последните 19 години ги мина во притвор.

-Генералниот секретар на ОН се уште не донесе одлука дали да ја прифати поканата, соопшти неговата портпаролка Мишел Монтас.

Тој соопштил дека размислува Мјанмар да го посети во иднина, за да изврши притисок врз хунтата да ја ослободи Су Чи и сите останати политички затвореници и да го исполни ветувањето за демократизирање на владеењето во земјата.

Западните дипломати се сомневаат дека хунтата сака да ја задржи Су Чи во притвор до изборите, планирани за следната година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com