Пред мачките е ставена порција храна, врзана за кратко јаже, заедно со уште две порции кои не биле со ништо врзани. Мачките од храната биле одделени со проѕирна преграда, така што можеле да видат која од порциите е врзана со јаже и нема да може лесно да ја добијат.
За разлика од кучињата, мачките не дошле до заклучок кој избор побрзо ќе ги донесе до храната, туку тоа го правеле по принципот на случајност.
- Ова е збунувачки факт, призна Остахаус, од универзитетот „Cantebury Christ Church“.
Мачките честопати ги користат своите шепи и канџи за играње, поради што се очекувало дека искуството на тоа поле ќе даде и подобри резултати.
- Кучињата поуспешно ја решаваа задачата. Мачките не се глупави, но се поинакви. Не треба да очекуваме нешто што е надвор од нивните граници. Мораме да ги набљудуваме работите од нивен агол, вели Остахаус.