-->

Вештачката ќе ја надмине природната интелигенција

Вештачката интелигенција до 2020 година ќе ја надмине природната, предвидува Вернор Винџи, математичар, информатичар и автор на научно фантастични романи.

-Можноста вештачката интелигенција да ја надвладее природната ја сфатив тогаш кога компјутерот Deep Blue успеа да го совлада шаховскиот велемајстор Гари Каспаров. Тоа се случи во 1997 година, а оттогаш до денеска технологијата напредна многу. „Вештачката“ интелигенција се повеќе се развива и во блиска иднина ќе ја надмине човековата интелигенција, истакна Винџи.

Познатиот научник смета дека благодарение на напредокот на технологијата, во блиска иднина може да се случи да измислиме или пак и да „станеме“ суштества кои ќе имаат поголема вештачка интелигенција отколку природна.
- Интернет технологијата го надвладеа капацитетот на човековиот мозок. Речиси е сигурно дека роботите ќе имаат поголема интелигенција од луѓето, тврди Вернор Винџи, додавајќи дека е прашање на време кога роботите ќе ја „преземат власта“.

Винџи е пензиониран професор по математика, информатика и автор е на бројни научно фантастични романи.

Еден од неговите најпознати романи е „Rainbows End“, за кој е и награден во 2007 година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com