-->

Им забраниле на кучињата да лаат?!

Властите од полскиот град Лоѓ им забранија на кучињата да лаат, не само ноќе, туку и дење, а кучето кое ќе се осуди да „писне“ на сопственикот од џеб ќе му извлече 111 евра, колку што изнесува новата казна за лаење.

Градските безбедносни служби, со новиот законски акт добија нова задача при патролирањето низ градот. Полицајците отсега се должни да наслушнуваат дали некој од четириножните жители случајно го крши законот „зборувајќи со кучето на соседите или пак се жали дека му е здодевно“.

- Животните не треба да ни го нарушуваат редот и мирот. Се случуваше сопственикот да отиде на работа и кучето да го затвори осум часа. Кучето потоа почнува за завива, не давајќи им мир на соседите, вели портпаролот на градските власти Мажена Коросрењска.

Сопствениците на кучиња се во паника, бидејќи казните и не се мали. Иако Коростењска тврди дека полицајците при спроведувањето за законот ќе го користат здравиот разум, сепак во уредбата „стои црно на бело“ - се зависи од процената на полицајците дали кучето го нарушува јавниот ред и мир.

Во Полска постојат повеќе „кучешки апсурди“ и тоа благодарение на бирократските локални избраници. Така во Шчечин, во северот на земјата, полициските патроли, градските камери наместо да ги користат за гонење злосторниците и престапниците, ги насочија кон парковите за да фатат кое од кучињата зад себе оставило смрдлива „торта“, која сопственикот заборавил да ја собере.

 

Copyright © 2009 selotejp.com