Аронофски овој проект го подготвувал уште пред две години, но тогаш познатото филмско студио Universal не сакал да го сними. Благодарение на успехот на „The Wrestler“, Дарен доби шанса да постави услови и така доби светло за да го сними „The Black Swan“, по сценарио Џон Меклаухил.
Сценариото говори за борбата помеѓу две балерини (една од нив е Натали Портман, додека другата ќе се дознае набрзо), при што една од нив не е човек, туку дух или халуцинација.
- Возбуден сум бидејќи во брзо време ќе започнам со снимање на филмот кој ќе ги воодушеви и најценетите филмски критичари. Ќе дадам се од себе за да го направам мојот најдобар филм. Ми се допадна сценариото кое можеби на прв поглед звучи чудно, изјави режисерот.
Натали Портман како балерина во новиот филм
Дарен Аронофски, режисерот на филмскиот хит „The Wrestler“ ќе снима нов филм со симпатичната актерка Натали Портман. Според информациите Портман ќе биде во улога на балерина, а снимањето ќе започне за неколку месеци.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)