Кошаркарите на Орландо конечно остварија победа во финалната серија од плејофот, највеќе благодарение на квартетот Рашард Луис, Хидајет Туркоглу, Двајт Хауард и Микаел Пјетрус. Луис освен 21 поен оствари и пет скокови и исто толку асистенции. Туркоглу и Пјетрус постигнаа по 18 поени, додека Хауард го заврши натпреварот со 21 кош и 12 скокови.
Во тимот на Лејкерси се истакна Коби Брајант со 31 поен, додека Пау Гасол постигна 23.
Наредниот натпревар во кој Орландо повторно е домаќин ќе се игра ноќта помеѓу четврток и петок по наше време.