-->

Поставен нов рекорд во најгласно лаење

Во центарот на Лондон се оддржа натпревар во најгласно лаење на кучиња.

На натпреварот учествуваа 30-тина кучиња од различни раси, кои заедно лаеја со јачина од 115 децибели, со што го надминаа досегашниот рекорд од 111 децибели што претходно го имаа поставено 224 кучиња.

Главен херој на постигнувањето на новиот рекорд беше германскиот овчар Даз кој ги изненади присутините со јачината на неговиот лаеж од 108 децибели.

Кучињата при лаењето носеа заштита за ушите, со цел да се спречи евентуално оштетување на нивниот слух.

Бизарниот натпревар беше организиран во чест на промоцијата на ДВД изданието на новиот филм на „Волт Дизни“ за анимираниот јунак Болт.

 

Copyright © 2009 selotejp.com