На плоштадот Македонија беа претставени 24 спорта каде што секој спорт имаше свој штанд со спортски реквизити, од каде што младите подетално можеа да се запознаат со секој спорт.
Целта на оваа манифестација беше да се подигне свеста кај децата за значењето и придобивките од спортот, особено за важноста на нивното здравје, како и во борбата против пороците и влијанијата кои во себе ги носи модерниот живот.
Спортската манифестација беше проследена и со културно - забавна програма со настап на нашите познати естрадни ѕвезди Раде Врчаковски-Врчак, Бојана, ДНК и Влатко Лозаноски.
Во иднина се планира оваа манифестација да биде од традиционален карактер.