Со оглед на тоа дека го подобрува обезбедувањето со крв на мозокот, но и на другите органи, екстрактот од гинко делува поволно, посебно кај постарите лица, на концентрацијата и памтењето, но е ефикасен и за помнењето кај учениците и студентите. Екстрактот помага и при вртоглавица, главоболка, шум во уво, студенило и чешање на рацете и нозете, како и при болки и грчеви.
Позитивното влијание на листовите од гинкото врз Алцхајмеровата болест е докажано во повеќе клинички студии, а се почесто се зборува и за нејзиниот ефект при лечењето на намалениот вид, глаукомот и катарката.