Бројот на лица заразени со свински грип во Австралија порасна на преку 1.000, а најголемиот број од нив се во државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн.
Организаторите на пливачкиот митинг, на кој требаа да настапат најдобрите пливачи од Австралија и Нов Зеланд, од безбедносни причини го откажаа митингот и најавија можност да го организираат во некој подоцнежен термин оваа година.