Предвидено е за Џексон да биде отслужена приватна миса, а потоа членовите на семејството и пријателите ќе се простат од него, по што ќе следи јавна комеморација. Но, се уште не е познато по кој верски обред ќе биде закопан Џексон.
Мајкл Џексон порасна како Јеховин сведок, додека членовите на неговото семејство се со различна вероисповест. И Џеко некое време го промовираше исламот, но никогаш не се преобрати.
Џексон остави најмалку два тестаменти, што би можело да доведе до долги судски битки за неговото богатство, кое се проценува на неколку милиони долари. Но, се уште не се пресметани неговите долгови.
[ 29-06-2009 ]