- По некои претстави сум посреќна, а по некои помалку среќна. Синоќа, и покрај тоа што видов многу празни места, што ме разжалости, бев во форма и инспирирана, прво зашто салата беше убава, светлото, сцената. Публиката несвесна колку може да учествува во претставата, особено во едно вакво дело во кое гледачите активно учествуваат во претставата - изјави Саблиќ.
Организаторите на фестивалот од битолскиот Центар за култура го прифатија барањето на актерката како професионален акт зашто навистина нејзината претстава не била класична монодрама. И тие забележале вознемиреност кај неа додека играла на сцената, најверојатно поради полупразната сала.
- Монодрамите ретко можат да наполнат голема сала. Тоа се случува само кога игра некој многу популарен актер. Не очекуваме многу публика. Од 100 до 150 гледачи на една претстава е сосема задоволително - изјави директорката на Центарот за култура, Љупка Коларова Пајевиќ. По три монодрами на ден се прикажуваат во рамките на петдневниот фестивал, чија завеса ќе се спушти в недела. На сцената во битолскиот Центар за култура се играат 12 монодрами, што е рекорден број во споредба со изминатите години. Настапуваат гости од 11 земји меѓу кои Србија, Хрватска, Украина, Грција, Бугарија, Израел и други.
На програмата се три македонски монодрами. Пред публиката ќе бидат изведени „Кројцерова соната“ на штипскиот театар со актерот Милорад Ангелов, во режија на Љупчо Бреслиски и „Незавршена приказна“, по текст и режија на Борче Грозданов Пандур, во изведба на Емилија Андреева. Фестивалот ќе го затвори претставата „Лидија“ на Мирослав Спировски, во режија на Александар Ивановски, што ќе ја изведе Вера Ристовска од Центарот за култура во Куманово.Учесниците се натпреваруваат за најдобра претстава, а наградата носи 500 евра. За фестивалот Министерството за култура издвои 600 илјади денари.