-->

Земјата би можела да биде уништена при судар со планета

Земјата еден ден би можела да се судри со Марс и тоа поради патеката на движење која се одвива во склад со прецизниот механизам на Сончевиот систем.

Марс, Маркур и Венера се потенцијални кандидати за судар со нашата планета. Но, за среќа такво сценарио би можело да се случи за најмалку милијарда години. Имено, поради гравитационите сили, патеките по кои се движат планетите не се баш најстабилни. Со време целиот овој систем би можел да се најде во една голема мешаница, нешто како лошо избалансирани гуми на автомобил кој со време се дебалансираат.

Крај пред крајот

На сличен начин, планетите од Сончевиот систем би можеле да бидат повлечени и исфрлени од своите траектории на движење, односно да се судрат со Сонцето или меѓусебно. Двајца француски научници истражувале колку се големи шансите да планетарниот систем се распадне пред сончевата смрт која би требало да се случи за некои пет милијарди години.

Тие заклучиле дека патеката на движење на планетите Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун се прилично стабилни, за разлика од патеките на помалите планети во кои спаѓаат Меркур, Венера, Земја и Марс.

Повеќе можни сценарија

Преку компјутерска симулација биле прикажани неколку можни сценарија каде доаѓа до судар на планети од Сончевиот систем. Една симулација ја открива можноста на судар на Маркур во Венера и Марс во Земјата, додека според другата Марс се приближува кон Земјата на одалеченост од 794 километри. 'Таквата ситуација би била катастрофална за животот на Земјата, тогаш веројатно Земјата во Марс би се удрила неколку пати', за магазинот Nature изјавиле Jacques Laskar и Mickael Gastine од Паришката опсерваторија.

Динамика на хаосот

Сега не останува ништо друго освен да ја сватиме Динамиката на хаосот која би можела да допринесе за оваа ситуација, велат стручните лица. Бидејќи според неа можеме 99% да сметаме за безбедното отчукување на часовникот на Сончевиот систем и иднината. Но, оние преостанати 1% ни задаваат интересна задача да го сватиме механизамот кој би можел да доведе до потенцијално опасни ситуации.

 

Copyright © 2009 selotejp.com