-->

Повторно одложено полетувањето на Ендевор

Ново истекување на хидрогенското гориво од резервоарот ја присили NASA повторно да го одложи полетувањето на спејс-шатлот Ендевор од базата Кејп Канаверал на Флорида.

Шатлот треба да пренесе дел од јапонската лабораторија на Меѓународната вселенска станица (ISS). Стручњаците не успеаа да го спречат истекувањето на горивото па лансирањето е одложено од истите причини како и во саботата. Наредниот обид за конечно полетување на шатлот ќе биде кон крајот на овој месец.

Проблемот откриен на надворешниот резервоар на леталото е сличен на оној поради кој е одложено лансирањето на неговото „сестринско“ летало во март оваа година.

Оваа мисија меѓу другото треба да постави рекорд, бидејќи на вселенската станица ќе остави дури 13 астронаути.

 

Copyright © 2009 selotejp.com