Тинејџерот го преживеал ударот и покрај тоа што шансите за преживување во случај на ваква појава се еден на милион. Од ударот се здобил со лузна од три сантиметри.
-Отпрвин видов голема светлина во вид на топка и тогаш почувствував болка во раката. По една секунда имаше силна експлозија како удар од грмотевица, истакнува малиот Бланк.
-Тоа е вистински метеорит, па затоа е мошне вреден за колекционерите и научниците, изјави Ансгар Кортем, директор на германската опсерваторија Walter Hohmann.
Интересно е да се забележи дека единствениот случај во кој човек преживеал удар од метеор, се случил во Алабама, САД во ноември 1954 година, карпа со големина на грејпфрут, која го пробила покривот на една куќа, отскокнала од мебелот и завршила врз заспаната жена.