Неколку дена по несреќата видот почнал да и се влошува до тој степен што воопшто не можела да гледа.
-Не знаев што ми се случува. Не можев да престанам да плачам, истакнува Чарли.
Тестовите покажале дека се е во ред со нејзините очи. Поради новонастанатата ситуација родителите биле принудени да го адаптираат домот на нејзината состојба, а во училиштето и понудило посебен тутор.
Во март нејзината седумдесет и три годишна баба починала држејќи ја за рака.
-Баба ми беше најдобар пријател. Се чувствував лошо кога ја загубив, вели Чарли. Но, тогаш за чудо кога се враќала дома со своите родители, забележала дека може да гледа.
-Плачев бидејќи баба почина, а истовремено плачев од среќа бидејќи повторно можев да гледам, истакнува таа.
Докторите веруваат дека двата шока кои ги доживеала влијаеле за губењето и повторното враќање на видот.