-->

Најотпорен мобилен во светот

Ветеранот истражувач Сер Ренолф Фиенс (65) од рацете го испушти мобилниот телефон за кој се верува дека е „најжилавиот“ на свет.

Фиенс, кој неодамна стана најстариот Британец кој се качи на Монт Еверест, го повикаа да го тестира телефонот за кој е предвидено да биде подеднакво отпорен како возилото марка Land Rover S1.

Како што наведуваат дизајнерите на мобилниот Sonim, овој висококвалитетен телефон креиран е за потребите на оние кои работат и престојуваат надвор од својот дом и во тешки услови.

Првиот мобилен IP-67 тестиран е на прашина, кал, нечистотија и удари. Докажано е дека телефонот е водоотпорен и може да издржи половина метар под вода цели 30 минути. Исто така е неосетлив на екстремни удари, па дури и на притисок до 400 килограми.

Телефонот чини околу 350 евра и доаѓа со водоотпорна камера од 2 мегапиксели, вграден блиц, GPS и ФМ радио.

-Кога почнавме да го создаваме телефонот, немаше стандард според кој би го тестирале, па така го осмисливме и тоа. Го тестиравме и Land Roverom S1 за да бидеме сигурни дека е особено квалитетен и оти нема да не изневери кога најмногу ни треба, вели Боб Плешк од „Sonim Technologies“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com