-->

Пронајден најстариот инструмент во светот

Флејтата е првиот музички инструмент во историјата на човештвото, претставувајќи пример на еден од првите вид на технологија која ги изненади сите, демонстрирајќи дека музиката постоела уште пред 35 000 години.

Направена е од коска на џиновски лешинар уште во стариот палеолит. Пронајдена е во Ach Valley, јужна Германија. Има должина од 22 сантиметри со дијаметар од 2,5 сантиметри. Инструментот има пет дупки со два засеци, од кој едниот е во форма на буквата В каде што музичарот дувал, според професорот Николас Конард од Универзитетот Тубинген кој воедно претставува и автор на ова откритие. Другиот крај е скршен на самата петта дупка.

Користејќи најнова технологија, Конард успеал да пресмета дека новооткриената флејта била направена уште пред 35 000 години, со тоа зголемувајќи ја староста на предходно најстариот инструмент за 5000 години.

Според студијата, оваа флејта била во можност да произведе ноти слични на оние кои ги произведува модерната флејта. Професорот Конард исто така истакнува дека музиката тогаш и немала некој успех за првите модерни луѓе, но сепак им давала предност во однос на Неадерталците.

 

Copyright © 2009 selotejp.com