-->

Тинерјџер во инвалидска количка обвинет за пребрзо возење

Полицаец од англискиот град Грејсенд стопирал еден хендикепиран тинејџер, затоа што неговата електрична инвалидска количка се движела со „преголема“ брзина од нешто повеќе од шест километри на час.

Полицаецот го запрел 17-годишниот Сем Скот додека тој се враќал од секојдневно купување. По испитувањето кое траело 15-тина минути Скот бил пуштен, откако полицаецот му се заканил дека може да му бидат одземат три поени на дозволата за управување на електричната инвалидска количка.

Локалните медиуми јавија дека полицијата подоцна признала дека тинејџерот не направил никаков прекршок, иако полицаецот кој го запрел и натаму останува на уверувањето дека „казната била пропорционална на прекршокот што го направило момчето“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com