-Количината и бројот на оброците одредете го врз основа на возраста, телесната тежина и апетитот на вашето бебе. И не заборавајте, во првите две недели вашето бебе сигурно нема да може да го испие целиот оброк. Не настојувајте да му го дадете до крај.
-Секогаш подготвувајте свеж оброк со зовриена топла вода. Веќе приготвените оброци не смеат да се варат за да не ги изгубат хранливите состојки што ги содржат. -Шишето секогаш држете правилно, така што цуцлата да биде полна со млеко за да не може детето да голтне воздух кој потоа му создава проблеми и го дува неговото стомаче.