Желбата да се направат важни пред убавата соговорничка и страста која чувствуваат некое време после дружењето резултира со неможност добро да размислуваат. Тоа го покажа тестот на интелигенција на кој биле подложени мажите за време на истражувањето.
“Мажите сакаат да се прават важни доколку се во друштво на личност која им се допаѓа. Лажат и претеруваат за тоа колку заработуваат, какви автомобили возат.“- изјавил експертот за врски Питер Спатона.
За време на истражувањето 50 мажи биле на брз состанок со 60 жени, а нивната задача е да забележат која им се допаѓа.
Секој учесник после тоа бил подложен на тест за интелигенција, кој го покажал токму она во што се сомневале – преправањето и претерувањето започнува штом запознаат жена што им се допаѓа.
Жените кои учествувале во истражувањето не покажале драстични промени во однесувањето при средбата со згодни и привлечни мажи.