-->

Го запалил ресторанот на конкуренцијата за бесплатна пица

Невработен Австралиец е осуден на три години затвор. Непознат сопственик на пицерија му дал 500 евра и ветување за доживотна залиха на пица.

Невработениот Австралиец на кого му била понудена бесплатна пица ако ја запали пицеријата на конкуренцијата, судот во Мелбурн во четвртокот го испратил на отслужување на казна затвор од три години. Френк Фошини (35) во април 2005 провалил во пицеријата Papa John's, внатре истурил бензин и го приморал сопственикот да го затвори бизнисот.

Овој човек од неименуван сопственик на пицерија примил 500 евра и ветување дека доживотно ќе добива бесплатна пица. Судијата изјавил дека е изненаден дека ништо не е превземено против човекот кој го подмитил Френк. Сопственикот на Papa John's изјавил како се надева дека неговата пицерија еден ден повторно ќе ги отвори вратите.

“Се обидувам повторно да почнам. Ова финансиски ме уназади 10 до 15 години.“- изјавил несреќниот човек.

 

Copyright © 2009 selotejp.com