Нокиа планира да произведе систем кој ќе биде способен да пренесе електрична енергија, исто како што денес се пренесува WiFi сигнал, TВ и други мобилни мрежи.
Финскиот гигант Нокиа се спрема за комерцијална употреба на технологија како онаа која на времето се смета дека ја има Никола Тесла. Исто така во поново време хрватот Марин Шољчиќ, вработен во американскиот технички институт MIT, успеал да изведе експеримент преку кој безжично запалил сијалица од 60W на одалеченост од два метра.
Нокиа планира оваа технологија да ја вгради во своите мобилни телефони, но за почеток има далеку помали амбиции. Нивната идеја е напојување на батеријата на мобилните телефони преку постоечкиот сигнал кој мобилниот телефон го користи од мобилната мрежа. Сепак на почеток тоа би била слаба струја од 50 миливати, односно дополнување на веќе постоечката струја на батеријата или во превод поспоро празнење на истата.
Досега од Нокиа успеале да постигнат пренесување на само пет миливати енергија, што е бескорисно, но научниците од големата компанија веруваат дека во блиска иднина (2-3 години) ќе може да го остварат својот план.
Конкуренцијата се држи на тоа дека од Нокиа за толку кратко време нема да успеат безжично да пренесат електрична енергија.