Новиот V6 развива 240 коњски сили и 450 Nm завртувачки момент веќе од 1.600 завртувања во минута. Претходниот развиваше 208 КС и 440 Nm завртувачки момент. Како и претходникот, ќе дојде во комплет со автомобилски шесторостепенски менувач и ќе нуди забрзување до стотка за 7.9 секунди во моделот C5, односно 8.5 секунди во моделот С6.
Иако силата му е зголемена за 32 коњски сили, потрошувачката на гориво е намалена за 12 до 15%, тврдат во Citroen. Моторот ќе се вградува во моделите С5 и С6, а францускиот производител тврди дека и во двата модели просечната потрошувачка во комбиниран циклус ќе биде околу 7.4 литри, а емисијата на CO2 ќе биде 195 грама на километар.