
2. Размислете пред да почнете со јадење. Испланирајте јадења со малку маснотии, а за меѓу оброци изберете здрави ужини со малку масти, како на пример овошје. Јадете риба најмалку два пати неделно.
4. Одржувајте ги вредностите на холестеролот во границите на нормалата. Холестеролот во главно се наоѓа во храната од животинско потекло, а во организмот е произведуван од страна на џигерот. Нормалните вредности се од 4,5 до 5,5.
6. При купување, избирајте помалку масни варијанти на вообичаените производи.
7. Три до четири пати неделно правете телесни вежби. Луѓето кои ја занемаруваат телесната активност имаат два пати повеќе шанси да умрат отколку срцевите болни.
8. Бидете добар пример за своите деца за да не стекнат лоши здравствени навики.
9. Откријте дали членови на вашето семејство боледувале од срце и крвни садови. Распрашајте се за постарите генерации во вашето семејство.
10. Побарајте од луѓето во вашата средина да се воздржат од пушење. Поддржувајте ги акциите за забрана на пушење во ресторани, канцеларии и на други јавни места.