Венера исто така нема магнетосфера и нејзината атмосферска прекривка се смалува. Во моментов овој процес се одвива многу побрзо отколку на Марс.
Наместо да не штити од Сонцето, како што досега се сметаше, Земјината магнетосфера, всушност им помага на набиените Сончеви честички при „откинувањето“ на делови од нашата атмосфера, се наведува во научната студија.
-Во моментов губиме многу повеќе кислород и водород од Венера. Досега со колегите честопати си велевме дека сме среќни што живееме на оваа планета, бидејќи имаме магнетен штит кој не чува. Тоа не тешеше, но сфативме, дека ни нашата атмосфера не е исклучок, вели Крис Расел, професор по вселенска физика од универзитетот Калифорнија.
Расел објаснува дека магнетосферата на Земјата се однесува како енергетски колектор, кој е во интеракција со материите кои доаѓаат од Сонцето и може да извлече енергија од соларниот ветер.
Магнетното поле на Земјата, потоа ја спроведува оваа енергија до горните слоеви на атмосферата, загревајќи ги и овозможувајќи им на некои нејзини делови да „побегнат“ по истиот пат по кој е спроведена енергијата, пренесува „ National Geography“.
Научниците допрва ќе се занимаваат со оваа проблематика, но предупредуваат дека нема причина за паника.
-Судејќи според сегашната брзина на овој процес, нашата атмосфера ќе трае се додека Сонцето, кое сега е во средно доба, не се претвори во црвен џин и ја проголта Земјата. Тогаш губењето на атмосферата ќе им биде безначајно, заклучи Расел.