-->

Денес ќе биде погребана актерката Фара Фосит

Американската глумица Фара Фосит (62) години, која почина во четвртокот од рак, ќе биде погребана денеска на приватна церемонија во Лос Анџелес.

Погребната служба ќе се одржи доцна вечерва по средноевропско време во катедралата „Пресвета Богородица“ во Лос Анџелес.

Синот на Фосит, Редмонд О’Нил, кој се наоѓа на отслужување затворска казна поради продажба на наркотици, за погребот ќе биде пуштен од затвор на неколку часа.

Фосит, позната по својата исклучително широка насмевка и бујната руса коса, од 2006 година се бореше со ракот на дебело црево кој се прошири и на црниот дроб, и покрај многубројните агресивни терапии во Германија и Калифорнија.

Пред само шест недели, во мај, прикажан е и нејзиниот личен некролог - видео дневник, кој го водела во текот на последните месеци од својот живот насловен како „Приказната на Фара“.

Некогашниот секс симбол и „златната девојка на Холивуд“ само пред неколку дена конечно се согласи да се омажи за својот долгогодишен партнер и познат глумец Рајан О’Нил, кој е и татко на Редмонд.

Фара Фосит ќе остане запаметена по улогата на гламурозната Џил Мароу во серијалот за три приватни детективки, „Ангелите на Чарли“, како и по улогата во филмот „Екстреми“ од 1986 година, за која ја диби првата од шестте номинации за „Златен глобус“

[ 30-06-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com