Ваквите информации се спротиставени на веста дека Руд Ван Нистелрој ќе биде новото засилување на Тотенхем, па затоа не е за очекување холанскиот голгетер да биде се уште во комбинација за трасфер во северен Лондон.
Во случај на реализација на овој пакет трансфер, тоа би значело враќање на Робен и Хајнце во англискиот фудбал, откако настапуваа за Челзи односно Манчестер. За Хајнце особено беше заинтересиран Ливерпул, но Фергусон по никоја цена не сакаше да го продаде фудбалерот на директниот конкурент, иако реално не сметаше дека тоа е фудбалер кој му е потребен на еден шампионски тим.