-->

Бојл живее во стан од два милиони фунти

Сузан Бојл, пејачката која својата слава ја стекна во шоуто „Britain’s Got Talent“, ужива во стан вреден 2 милиони фунти. Луксузниот стан не го плаќа Бојл, туку нејзиниот ментор Сајмон Ковел, кој сака неговата миленичка да се одмори во мир од нервниот слом кој го доживеа по поразот во финалето.

Услов за Сузан да се пресели во луксузниот апартман била нејзината мачка Пеблс, за која Бојл е приврзана и буквално не сака никаде да оди без неа.

Освен станот, Сајмон на својата миленичка и дал на располагање четири лимузини, со кои Бојл ќе се скрие од досадните фоторепортери. Според најавите Сузан ќе се вози во една од нив, а останатите три ќе бидат само лажна мамка.

Разгалената Сузан не се појавува на пробите за турнејата на „Britain’s Got Talent“ која наскоро треба да започне, поради што останатите учесници го критикуваат Сајмон и неговото однесување кон Бојл.

 

Copyright © 2009 selotejp.com