
- Роботот кој го создадовме веќе знае да ја извршува работната задача, но тоа на кое сега работиме е усовршување на роботот кој при извршувањето на задачата ќе знае да ги препознае намерите на својот партнер (човекот), да утврди дали човекот ги следи упатствата за изработка на задачата и да реагира доколку не се придржува до нив, изјави научникот Волфрам Ерлхаген од универзитетот „Minho“ во Португалија.

Роботот исто така е програмиран да ги воочи грешките при работата на човекот и да реагира доколку нешто не е сработено според упатствата.
Сепак, научниците велат дека нивната работа сè уште не е завршена и оти потребно е време за да се усоврши роботот.