
-Во овие тешки времиња луѓето се враќаат на сериозниот изглед. Се определуваат за вистинската класика која веќе ја докажа својата вредност. Тоа се модели кои можат да се носат речиси во секоја прилика, вели Сабине Штрајте уредник на германскиот моден магазин "InStyle".
Посебна улога имаат модните додатоци кои исто така треба да бидат во тон со преостанатата облека. Високите потпетици и уредно средената фризура се неизоставен дел од ретро имиџот.