-->

Најбизарниот религиозен ритуал

Во малата шпанска провинција Кастиљо де Мурсија, секоја година при крајот на пролетта, се одвива еден од најбизарните религиозни ритуали во светот.

Ритуалот е посветен на еден од најважните католички празници - телото на Христос (Corpus Christi). Поради бизарноста, древниот ритуал наречен Ел Колачо секоја година ги привлекува туристите од целиот свет. Изведувачите облечени во жолто-црвена традиционална облека (е, овие луѓе се викаат Ел Колачо) го обиколуваат градот, удирајки на своите тапани и создавајќи музика од која (би требало да) се паѓа во транс.

Кога ќе стигнат до централното градско подрачје, "колачовците" се затрчуваат и скокаат преку еден куп бебиња наредени на улица - кои сеуште немаат наполнето ни 6 месеци.
Локалните жители веруваат дека со скокањето на Ел Колачо над нивното бебе, тие ќе ги излечат (и заштитат) своите најмили од болести и злото.

 

Copyright © 2009 selotejp.com