На второто место се пласираше Пол Сезан со 21.098 гласа, а меѓу десетте најпознати се и Клод Моне, Густав Климт, Марсел Дишамп, Анри Матис, Џексон Полок, Енди Ворхол и Пит Мондријан.
Магазинот Times и галеријата Saatchi ја понудија листата на 200 највлијателни уметници кои твореле после 1900 година, свесни за нејзините аномалии и недоследности со зборовите: „не постои за да се согласите со изборот, туку да дискутирате за него“.