-->

Новиот Џејмс Бонд во Авганистан!?

Новиот Џејмс Бонд ќе се снима во Авганистан. Иако засега ова се само шпекулации, во филмските кругови веќе наголемо се зборува дека тоа е следната дестинација на најпознатиот таен агент на светот

Иако за сега се работи само за шпекулации, приказната за новиот Џејмс Бонд ќе се одвива во Авганистан. Според извори блиски до продуцентите продолжението за агентот 007 ќе се одвива во Кабул, а угледниот британски весник Guardian открива дека сценаристите на сè уште неименуваното продолжение на „Quantum of Solace“ барале технички детали за работа во главниот град на Авганистан.

- Повеќе од сигурно е дека новиот филм за Бонд ќе се снима во Кабул, а опасниот агент нема да се бори само со талибанците, туку и со опасните трговци на дрога кои ги финансираат терористите, изјави изворот.

Агентот 007 веќе бил во Авганистан, кога Тимоти Далтон го снимаше „The Living Daylights“ во 1987 година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com