-->

Фатил риба со златен часовник

Хаваецот Курт Кериш фатил риба која проголтала златен рачен часовник. Курт со своите пријатели бил на плажа кога во плиткото ја забележал рибата која се виткала и се обидувала да се одвлече во длабочините.

Пријателите го советувале да земе бамбус стап и да ја фати, па Кериш ги послушал. Штом ја фатил веднаш забележал дека стомакот и е невообичаено надуен, но сепак ја ставил во рачниот фрижидер. Кога следниот пат го отвориле фрижидерот за да земат пиво, Кериш и пријателите забележале дека рибата се мачи да го „исплука“ златниот рачен часовник.

Сите биле особено изненадени кога виделе дека часовникот работи и покажува точно време.

 

Copyright © 2009 selotejp.com