-->

Детоксикација на организмот

Со правилната исхрана и консумирањето здрави билни напивки се одржува метаболизмот, а телото се ослободува од штетните материи и вишокот килограми.

Загадениот воздух, храната заштитена со пестициди, стресот и недоволната физичка активност, создаваат штетни материи во организмот. Заради овој начин на живот, многу е важно организмот да се детоксицира, односно да се ослободиме од отровите и вишокот килограми, направени во текот на зимата, и почетокот на пролетта, кога времето е студено, па заради тоа, покрај недоволните секојневни активности, сме внесувале и премногу масна храна, како и бавното протекување на телесните течности.

Од посебна важност е, со текот на детоксикацијата, да имате и редовно празнење на цревата, затоа што отровните материи најмногу се исфрлаат од телото преку "столицата" и урината. Во овој период исто така, треба да избегнуваме масна храна, и намирници со животинско потекло, затоа што само здрава исхрана, комбинирана со здрави билни напивки и физичка активност, може да ви направи комплетно "чистење" на организмот. Исто така детоксикацијата на организмот е одличен начин на борба против стресот и главоболката.

Правилна исхрана:

Во текот на чистење на организмот, важно е да се придржувате до правилна диета за убрзување на метаболизмот. После будењето од спиење, треба да се напиете топла вода во која е предходно е исцеден пола лимон, а потоа појадуајте доручек полн со јаглени хидрати (житарици, овошје или сојно млеко).

За ручек треба да јадете супа од зеленчук или салата, или протеински намирници, на пример риба или бело животинско месо. Како зачини за салата, се препорачуваат ладнo маслиново масло или лимонов сок.

За вечера треба да избегнувате тешки и обилни оброци, најдобро е навечер да консумирате салата или супа од зеленчук, а пред спиењето, треба да се напиете чаша топла вода во која е растопена глина за внатрешна употреба и лажичка мелен семенски лен.

Во текот на детоксикацијата, дневно треба да пиете по 8 чаши вода.

 

Copyright © 2009 selotejp.com