-->

Обама телефонски разговараше со Бенјамин Нетанјаху

Американскиот претседател Барак Обама синоќа имаше 20 минутен телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој наскоро треба да ја објави својата политија за мирот и безбедноста.

Белата куќа разговорот го оцени како конструктивен, а канцеларијата на премиерот на Израел како позитивен.

Нетанјаху го информирал Обама дека на почетокот на следната недела ќе одржи говор, во кој ќе ги претстави приоритетите на неговата политика за мирот и безбедноста.


Обама во телефонскиот разговор ги потврдил принципите на политиката на САД, кои ги изнесе во говорот во Каиро во четвртокот, меѓу кои и заложбите на Вашингтон за гарантирање на безбедноста на Израел. Тој во Каиро побара целосно замрзнување на градежните работи во еврејските населби на Западниот Брег и се заложи за формирање на независна палестинска држава.

Премиерот Нетанјаху и повеќето министри од неговиот десничарски кабинет не ги прифаќаат овие два принципа.

 

Copyright © 2009 selotejp.com