-->

Прва фотографија од Audi A5 Sportback

Новата принова во А5 семејството на Audi е Sportback, кој ќе биде претставен на претстојниот автосалон во Франфурт оваа есен.

A5 Sportback, како што и самото име кажува, ќе се одликува со таканаречената "fastback" линија на задниот крај, но и пет наместо само пар врати.

Од Инголштад ја лиферуваа првата "тизер" фотографија на задниот дел од автомобилот, како и видео интервју со неговиот дизајнер Волфганг Егер, кое го пренесуваме во продолжението.

A5 Sportback ќе биде достапен со два бензински и три дизел мотори. Во бензинската понуда ќе се најдат 2.0 TFSI со моќност од 211 КС и вртежен момент до 350 Nm, како и 3.2 литарскиот V6 quattro со 256 КС, додека во дизел понудата ќе се наоѓаат 2.0 TDI со сила од 170 КС, 2.7 TDI со 190 КС и 3.0 V6 TDI со 240 КС и погон на сите четири тркала.


 

Copyright © 2009 selotejp.com