-->

Amazon ја продаде цела залиха на Kindle DX!

Kindle DX е моментално најбараниот гаџет на интернет. Неполна недела по објавувањето, Amazon ја продаде цела своја залиха (точната бројка сеуште не е објавена) на новиот ebook reader, кој се очекува да стане омилениот придружник на сите љубители на книгата и технологијата.

Поголемиот дел од виртуелните "корици" кои се користат за читање на електронски книги, Kindle DX, беа распродадени со претходна нарачка, уште пред да стигнат во Amazon. Следната пратка на овие револуционерни уреди се очекува да пристигне на 17-ти јуни, па доколку сте подготвени да издвоите околу 500 долари (со испорака) за еден обичен дисплеј кој може да го понесете со себе каде сакате и да прочитате некоја книга, тогаш обележете го овој датум во вашиот календар.



Цената на Kindle DX изнесува 490 долари, а се продава исклучиво преку Amazon. Располага со екран со дијагонала од 9.7 инчи и резолуција од 1.200 х 824 пиксели, поддржува читање на PDF датотеки и има вградено 3.3 GB меморија што е доволно за вметнување на околу 3.500 книги.

 

Copyright © 2009 selotejp.com