-->

Alfa 169 ќе се произведува во Канада?

За Alfa 169 која е во најава се нагаѓа веќе со месеци, а сега американскиот Financial Times излезе со приказна според која автомобилот би требало да се произведува во погоните на Chrysler во Онтарио.

Веста ја донесе автомобилската аналитичка компанија IHS Global Insight, а според неа новата 169-ка би требало да ја дели платформата со Chrysler 300C и Dodge Charger. Приказната држи вода бидејќи Alfa веќе некое време бараше компатибилна платформа со заден погон за својата најголема лимузина, а тоа воедно требаше да биде првиот италијански модел со кој групацијата Fiat ќе тргне во освојување на американскиот пазар.

Доколку навистина дојде до ваков расплет, Alfa Romea 169 ќе биде првиот европски луксузен автомобил кој би се произведувал во Канада.

 

Copyright © 2009 selotejp.com