Додека Ана е во несвесна состојба голта се што ќе и дојде до рака (чоколада, сирење, месо, путер). Таа поради пореметувањето не може да ги контролира килограмите така што и не се чуди што се здебелила цели 57 килограми и што има висок крвен притисок.
- Јадењето во сон го загрозува мојот живот, рече Ана, наведувајќи дека се обидувала да го надмине ноќниот нагон за храна.
- Знаев дека постои некој проблем затоа што се будев со чувство на замор и мачнина, но мојот лекар ми зборуваше дека со мене е се во ред. Беше многу „фрустрирачко“, раскажува несреќната жена.
Дијагнозата СРЕД и е поставена е пред две години. Тогаш во кујната се вградени камери кои ги снимале нејзините ноќни активности. Таа ја посетувала кујната и до осум пати во текот на ноќта и јадела повеќе од 2.000 калории.
Ана во меѓувреме почнала да се лекува, со што во одредена мера ги контролира излетите до кујната.
Според некои проценти, милион Американци патат од ова чудно пореметување кое ги тера да месечарат по кујните и јадат во сон.