Семејството на Џејкобс ја тужи Ролинг бидејќи „идејата за четвртиот роман за момчето волшебник – „Хари Потер и огнениот пехар“ (Harry Potter And The Goblet Of Fire) ја украла од Џејкобс, односно ја препишала од неговиот роман кој настанал во 1987 година, дури три години пред Ролинг да ја добие идејата за создавање на ликот.
Романот „Волшебникот Вили“ зборува за момче кое ги открива своите волшебни моќи и учествува во натпревар во кој се користи магија, баш исто како во „Огнениот пехар“, а интересно е што авторот пред да го објави овој ракопис, го испратил во истата издавачка куќа која ги објавува романите за Хари Потер, „ Bloomsbury“.
Семејството во својата тужба, во која бара отштета од 500 милиони фунти, навела уште неколку сличности на двата романа и побара забрана на продажбата на четвртиот „прекопиран“ роман.
Издавачката куќа „Bloomsbury“ вели дека ќе се спротивстави на тужбата во која нејзиниот ексклузивец се обвинува за интелектуална кражба.
- Тврдењата за плагијат се непоткрепени и неосновани. Џоана Ролинг никогаш не слушнала за Адријан Џејкобс, ниту пак чула за неговите книги, се вели во соопштението на издавачката куќа.