Мажот кој тврди дека токму тој е исчезнатото момче исто така се вика Стивен и доаѓа од американската сојузна држава Мичиген се согласил на ДНК тестирање за да ги докаже своите тврдења. Таткото на исчезнатото момче, 78 – годишниот Џери Дејман вели дека навистина можно непознатиот маж да биде нивен син. “На некој начин неговото исчезнување не беше решено.“- изјавил таткото.
Истиот маж ја посетил и Памела Дејман, која имала само седум месеци кога нејзиниот брат исчезнал, а таа забележала дека тој е сличен на нејзиниот татко. Памела се наоѓала во истата количка со братот, но од количката исчезнало само момчето. Нивната мајка се развела од таткото неколку години после исчезнувањето на Стивен.