-->

Во Велес вечерва се отвараат 46. Рацинови средби

Под мотото „Безвремениот Рацин“, вечерва пред споменикот на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во Велес, ќе започнат 46-те Рацинови средби.

За творештвото на Рацин ќе говори академик Митко Маџунков, а потоа во Ликовниот салон ќе биде промовирана книгата „Кочо Рацин-живот и дело“ од академик Блаже Ристевски. Промотор на книгата е академик Катица Ќулавкова.

По промоцијата, во салата „Бели Мугри“ е закажано свеченото отворање на 46–те Рацинови средби. Беседа за Рацин ќе одржи акдемик Матеја Матевски, а потоа ќе се одржи традиционална поетска вечер со автори од земјава и странство.

Рациновите средби продолжуваат утревечер, со трибината на Институтот за македонска литература - „Седумдесет години од стихозбирката „Бели мугри“.

Рациновите средби ќе бидат заокружени со доделување на „Рациновото признание за 2009 година“ на писателот Трајче Кацаров за збирката раскази „Татко и отец“ и на „Почесното Рациново признание“ на проф. д-р Петер Рау од Германија, кој ја добива наградата за презентација на македонскиот јазик и култура во странство.

 

Copyright © 2009 selotejp.com