-->

Мајкл Џексон во моментот на смртта имал само 40 килограми

Мајкл Џексон во времето на смртта на неговите 177 сантиметри висина имал само 40 килограми, а во желудникот имал само остатоци од лекови, но не и храна, покажуваат деталите од аутопсијата, јавува таблоидот „Сан“.

Оваа загуба на тежината на некогаш атлетски градениот Мајкл Џексон, како и фактот дека јадел само еден скромен оброк на ден, упатуваат на анорексија.

По телото имал повеќе лузни од „најмалку 13-те пластични операции“, носната р’скавица речиси му исчезнала, а десната страна на носот целосно му била уништена, пишува „Сан“.

Кралот на поп-музиката, според „Сан“ бил целосно ќелав, а кога починал на главата имал перика. Делот над левото уво му бил целосно ќелав и таму имал голема лузна, што се смета дека е последица на несреќата во 1984 година, кога за време на снимањето на реклама за Пепси му се запалила косата.

Од обидите за реанимација имал скршени ребра, а во близината на срцето се регистрирани четири убоди од инјекции, најверојатно од инјектирањето на адреналинот.

Неговите колкови и рамена биле избодени со лузни од игли, што се смета дека е последица на инјектирање на аналгетици.

Експертите велат дека чудно тоа што лекарите кои биле околу него и кои сигурно добро знаеле да извршат реанимација, направила грешка при масирање на срцето додека тој бил на креветот.

При пружањето на прва медицинска помош се вели дека жртвата се става на рамна површина, односно на земја. Тоа е првото нешто што го посоветувал операторот во Брзата помош, кој примил повик од домот на Мајкл Џексон. Дополнителна штета најверојатно е направена со интубацијата и ставањето маска за кислород за време на реанимацијата


[ 30-06-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com