"Преку 20 Македонски визуелни артисти интензивно работеа на овој проект од ноември 2008 до јануари 2009. На почетокот изгледаше помалку застрашувачки. Ние веќе имавме искуство со соработка со поголеми компании и студија, дури и искуство со работа на проект кој доби Оскар за визуелни ефекти (The Golden Compass), но исто така знаевме дека Industrial Light & Magic е сосема друга лига.
Таа претпоставка се покажа 100% точна. Уште повеќе, за мене како обожавател на Терминатор, работата на „Project Angel“ беше најбитната работа на свет. На крајот, резултатот ни беше одличен, се одлично се заврши, и тоа уште повеќе ги интензивира впечатоците. Задоволството од работата на ваков филм е огромно и кога завршивме дури и ми беше жал, но, се радувам на новите проекти кои ќе ги имаме со Industrial Lights & Magic и нивниот фантастичен тим", - вели супервизорот за рото и paint Александар Вишемирски.
"Задоволство беше да се работи на проект како што е Terminator Salvation, особено кога тоа подразбира да се работи за Industrial Lights & Magic. Нашиот тим имаше можност да работи на навистина тешки кадри со prep и paint активности. Бевме соочени со голем предизвик, но вредеше" - вели roto и paint супервизорот Мишо Ристов.
Уште поважно, ова беше прва и многу успешна соработка на Македонската компанија FX3X со великанот на филмските визуелни ефекти Industrial Lights & Magic.
Супервизорот за roto и paint на Industrial lights and Magic, Пет Џарвис (Pat Jarvis) изјави: "FX3X многу придонесоа за успехот на многу кадри со тоа што овозможија нашиот тим да ги интегрира ЦГ елементите во бројните сцени, прито работејќи во многу тесни продукциски рокови"
"Овој проект беше неверојатно искуство за сите нас во FX3X, пред се, затоа што е толку познат серијал, особено познат по фантастичните визуелни ефекти, но уште повеќе заради соработката со Industrial Lights & Magic кои за мене се врв на во оваа индустрија. Иако веќе имавме воспоставени стандарди во работењето, овој проект ни овозможи да се надминеме себеси. Со нетрпение го очекувам следниот проект"- изјави Кристијан Даниловски, ко-основач на FX3X и единствен Македонец номиниран за престижната награда Еми.